СЕ СПОРЕД ПЛАНОТ,. „ОРЛИТЕ“ ДОЗИРАА И ПОБЕДИЈА

Србија и Унгарија, навистина „добри соседи“

Очекувано, Србија ја победи Унгарија (86:78) , но со доста осцилации во играта, особено во второто полувреме кога дозволија противникот да го загрози убедливото водство и да се спушти на негатива од само седум поени...

објавено: 10 септември 2017 - 15:59

Српските кошаркари почнаа цврсто во одбраната, и за кратко време изградија предност од (16:5). Но не направија ништо повеќе од тоа во таа прва фаза од натпреварот. На големо изненадување, Унгарците брзо се повратија по тој почетен шок. Покажаа дека не бадијала ја поминале првата рунда од натпреварите.
Не беше тоа вистинска закана за фаворитот, но сепак, беа „тука некаде". Му дишеа во врат на српскиот состав кој никако не успеваше да ја врати таа позитива изразена со два броја.
Кузмиќ доминираше во рекетот, а Богдановиќ ндвор од него, и само поради тоа Србија имаше (48:41), по првото полувреме во кое, се чини, ги изненади Перл, стрелец на десет поени.


Но по серијата од (14-4), во која Мачван стана третиот „двоцифрен" играч (12. поени), веднаш по одморот, Србија поведе со 17 поени (62:45), по што за момците на Александар Ѓорѓевиќ некако се беше полесно за одработување на задачата и насочување кон следната цел - Италија.

Двете тројки донесоа вознемиреност во српскиот тим, кој беше на само десет поени растојание (69:59). А серијата од (9-0) ја симна разликата на надежни седум поени (62:69) за аутсајдерот. Тоа ги налути „орлите", кои по тројката на Богдановиќ, брзо се вратија во „нормала".

Во 35. минута беше (78:63), но застанаа уште еднаш, па противникот одново со помош на Перл, кој беше вистинска енигма за Србите, дојде на едноцифрен минус. Прво на (71:80), потоа и (77:84)

Колку Унгарците да потврдат дека не „залутале“ во ова друштво. 

 

Најново во Кошарка