МОЖЕ ЛИ АБА ДА СЕ НАДЕВА НА УШТЕ ЕДНО МЕСТО

Среднорочен план: Проширување на 18, па на 20 екипи?

Оние планови за наредните неколку години вклучуваат и зголемување на бројот на екипи учесници во Евролигата вели Жорди Бартомеу, првиот човек на компанијата „ЕЦА"...

објавено: 19 март 2017 - 17:37

Во еден краток временски период нема да има некои проблеми. Но затоа според оние планови кои се нарекуваат „среднорочни" Евролигата ќе се прошири. Прво на 18, а потоа и на 20 клубови-учесници.

Тоа е краткиот заклучок по интервјуто кое го даде првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу за медиумите во Литванија.
Бартомеу најави зголемување на бројот на клубовите учесници во наредните години.

„Во скоро време нема да има зголемување на бројот на клубовите. Но среднорочно работиме на тоа за Евролигата да ја прошириме на 18, а потоа и на 20.клубови. Потребно е да се зголеми бројот на клубовите, зависи од пазарот. Тоа е нашата следна задача" - потенцирал Бартомеу.

Моментално, само шампионот на АБА лигата оди во Евролигата. Но со евентуално зголемување на бројката на учесници, можеби и Јадранската лига би се надевала на уште едно место.
Неодамна, првиот човек на Евролигата говореше за тоа дека во најскоро време нема да има „А" лиценца за клубовите од АБА лигата.

 

Најново во Кошарка