ДЕЈВИД БЛАТ ПОВИКУВА НА РАЗУМНОСТ ВО ЕВРОПСКАТА КОШАРКА

Стоп на суетата и на политиката во спортот

објавено: 13 септември 2018 - 20:45

Тренерот на Олимпијакос Дејвид Блат порачува дека судирот помеѓу ФИБА и УЛЕБ треба што побрзо да престане, доколку се сака добробит за играчите и за кошарката...

„Јас сум некој од оние кои живееле во 'двата света'. Бев селектор на Русија седум години, како тренер работам 25 години, а повеќе од десет пати сум водел клубови во Евролигата. Знам дека и на едната и на другата страна има добри луѓе, но ситуацијата не е добра"- вели Блат, а пренесува „Еурохупс":

Освојувачот на Евролигата со Макаби од Тел Авив, додава дека играчите најмногу трпат поради таквиот однос на челниците на двете организации.

"Ова што се случува сега е единствено добро за луѓе со изразено его, и со политички црти. Тоа мора да се заврши. Потребно е некој да изнесе јасен став, и да каже, 'ајде луѓе да видиме што е најдобро за играта и за играчите, а не за политичарите и за разните суети'. Моменталната состојба е погрешна и мора да застане"- додава Блат.

За потсетување, главната причина за судирот ФИБА и УЛЕБ се наоѓа во несогласувањето околу календарот, па клубовите од Евролигата и Еврокупот имаа право да им забранат на играчите кои се под договор да настапуваат за своите национални селекции во квалификациите за Светското првенство во Кина 2019 година а кои се одржуваат за време на сезоната.

Најново во Кошарка