САМОУВЕРEН СЛОВЕНЕЦ

ТАКА И ТРЕБА ДА БИДЕ: Ќе видиме кој погрешил кога не ме драфтувал...

објавено: 19 јуни 2018 - 20:20

За неколку дена ќе стане јасно каде ќе заврши најдобриот млад европски играч, во кој клуб од НБА лигата...
Лука Дончиќ, уште еднаш словенечката сензација ќе биде во центарот на вниманието, сега и на светската кошаркарска јавност. За две вечери следува НБА драфтот во Бруклин, место на кое младиот Словенец ќе дознае каде ќе ја продолжи својата неверојатна кариера.
На ред е драфт-лудилото во кое сите прогнози се дека бекот на Реал Мадрид ќе заврши во ТОП 5 играчите на најголемиот кошаркарски „пазар" во светот.

„Од прво до петто место би било нешто неверојатно, кога би бил избран од тие позиции, тука некаде. Особено добро за момче кое доаѓа од Европа. Морам тоа да го покажам на теренот. Да се докажам. После мојата 'руки' сезона ќе видам кој направил грешка кога не ме драфтувал. Мотивиран сум за драфтот, и возбуден што ќе играм против НБА ѕвездите – тоа е најголемиот предизвик за мене, да се остане таму долго"- вели Дончиќ пред она што следува во ноќта помеѓу четврток и петок.

Најкорисниот играч во Евролигата уште еднаш признава дека најкомфорен е кога е во улога на плејмејкер.

„Сакам да ја имам топката во рацете и да играм за другите, така сакам да бидам организатор на играта. Сепак, можам да играм на позициите од 1 до 4, тоа е предноста која ја имам во однос на другите. Сакам да ги направам соиграчите подобри. Среќен сум кога играм плеј, тогаш ми е се полесно, можам да креирам и од пост-положба. Од самиот почеток во Реал увидов дека сакам да креирам за другите. Сакам да играм 'пик-ен-рол' со топката во рацете и да додавам од секое место на теренот. Од почетокот сакав да бидам плејмејкер"- признава Дончиќ, пред кого е уште еден европски предизвик.

Со Реал Мадрид да ја освои шампионската титула во шпанскиот шампионат пред да се пресели преку Атлантикот.

 

Најново во Кошарка