БЕКОТ НА КЛИПЕРСИ ПРОГНОЗИРА

„ТЕО" ВЕЛИ: Знам кој ќе дојде до Белград, ЦСКА, Фенер и Олимпијакос сигурно...(ВИДЕО)

Новата НБА ѕвезда во редовите на ЛА Клиперс го предвидува исходот на Евролигата за оваа сезона во која за прв пат е надвор од најсилното европско натпреварување.

објавено: 19 март 2018 - 16:35

Милош Теодосиќ ја одработува својата „руки" сезона во НБА лигата, па макар и во својата 31. година од животот. Освен повреда, која му се случи во првиот дел и поради која паузираше извесен период, се друго кај него е во рамките на задоволителното.

И покрај напорите кои со себе ги носи НБА темпото, популарниот „Тео" вели дека ги следи приликите во европската кошарка, пред се во Евролигата.

„Ја следам Евролигата кога имам време за тоа. Гледам што се случува, и се надевам дека ќе бидам на финалниот турнир во Евролигата. Мислам дека таму ќе бидат ЦСКА, Олимпијакос и Фенербахче, Тие се и главните фаворити за титулата. А кој ќе биде четвртиот учесник на 'фајнал-форот', навистина не знам"- порачува Теодосиќ од ЛА.

Најново во Кошарка