Трилер завршница со триумф на Антиќ и соиграчите

Теодор поефикасен, Антиќ испадна помудар со победа на Црвена Звезда против Милано

Перо Антиќ постигна 5 поени за нешто повеќе од 20 минути игра, а со соиграчите од Црвена Звезда освои значајни бодови во Евролигата со победа над Милано од 91:88 и тоа на гостински терен. Двојно повеќе поени, 10 даде македонскиот репрезентативец Џордан Теодор за домашниот тим

објавено: 29 декември 2017 - 22:51

Перо Антиќ постигна 5 поени за нешто повеќе од 20 минути игра, а со соиграчите од Црвена Звезда освои значајни бодови во Евролигата со победа над Милано од 91:88 и тоа на гостински терен. Двојно повеќе поени, 10 даде македонскиот репрезентативец Џордан Теодор за домашниот тим.

Црвена Звезда водеше во текот на целиот меч, а во финишот Милано стаса до израмнување, 83:83, но остана без бодови. Во пенал завршница Џејмс Фелдејн беше непогрешлив во таборот на гостите и со вкупно 19 поени беше најефикасен. Антиќ постигна 5 поени, комбинирани со 5 асистенции и 4 скокови.

Кај Милано, Мицов беше прв стрелец со 16 поени, а во петорката со двоцифрен учинок е и Теодор со 10 поени.

Црвена Звезда со шестата победа во 15 натпревари фати приклучок во битката за позициите кои водат во Топ-8, а Милано остана фенерџија во Евролигата со само 4 победи.

Најново во Кошарка