ЕВРОЛИГАТА ГИ ОБЈАВИ КАНДИДАТУРИТЕ

Теодосиќ или Де Коло, прашање е сега?

По номинациите за најдобар дефанзивен, и „звезда во подем", Евролигата го објави и списокот на кандидати за признанието најкорисен играч во оваа сезона.

објавено: 17 февруари 2017 - 15:45

По номинациите за најдобар дефанзивен, и „звезда во подем", Евролигата го објави и списокот на кандидати за признанието најкорисен играч во оваа сезона.

На листата, која е доста подолга, се наоѓаат имињата на 15. кошаркари, и според неа можеби ќе се формираат и најдобрите петорки за сезоната 2016/2017.
А во конкуренција за МВП признанието се најдоа следниве кошаркари:
Милош Теодосиќ и Нандо Де Коло (ЦСКА), триото на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, Ентони Рејндолф и Лука Дончиќ (номиниран за најдобар млад играч), потоа двоецот на Олимпијакос, Василис Спанулис и Јоргос Принтезис, па Кејт Ленгфорд (Уникс), Николо Мели (Бросе Баскетс), Дерик Браун (Анадолку Ефес), Крис Синглтон (Панатинаикос), Јоханес Војтман (Баскониа), Екпе Јудо (Фенербахче), Бред Вонамејкер (Дарушафака) и Огњен Кузмиж (Црвена Звезда).

Најново во Кошарка