НЕМА НОВА „ВОЈНА“, НЕМА ПРОМЕНИ ВО ПЛАНОВИТЕ

ТИТУЛА СИ Е ТИТУЛА: ПАО останува со Евролигата

Иако сопственикот на Панатинаикос најавуваше дека „зелените детелинки" би можеле да излезат од елитното натпреварување, и во следната сезона да заиграат во ФИБА Лигата на Шампионите, на заедничкиот состанок со челниците на Евролигата е одлучено се да биде „по старо".

објавено: 19 јуни 2018 - 21:00

На крајот, стигна помирувањето. Панатинаикос стана, или остана грчки шампион, а се чини дека тоа беше доволно за проблематишнито сопстевник на клубот од Атина, Димитрис Јанакопулос ја смени приказната, и да потврди дека остануваат во евролигашкото друштво.

Сето тоа се случи на еден посебен состанок, на кој првиот човек на Евролигата, Жорди Бертомеу, прво изрази сочувство за неодамна преминатиот Павлос Јанакопулос, инаку татко на Димитрос. И со изразена надеж дека ќе се најде заеднички јазик на двете страни за оние „отворени прашања".
Иако на 6.јули дефинитивно ќе биде потврдена листата на учесниците, уште сега може да се набројат имињата на 16 клубови учесници.
Меѓу нив останува и она на Панатинаикос.

Најново во Кошарка