ЏИЏИ ДАТОМЕ ПОСЕБНО РАСПОЛОЖЕН ВО БЕЛГРАД

Тоа со Перо беше пријателско обложување, не ми ја „пипкајте" брадата!

Беше дел од тимот на Фенербахче и ланската сезона кога го освоија пехарот, на истото Италијанецот „удира" и сега во главниот град на Србија...

објавено: 17 мај 2018 - 21:40

Беше дел од тимот на Фенербахче и ланската сезона кога го освоија пехарот, на истото Италијанецот „удира" и сега во главниот град на Србија...

„Тоа беше едно неверојатно чувство. Би сакал повторно да го почувствувам. Но сега е нов турнир, и возбуден сум што сум воопшто тука. Секој Ф4 е посебен, го почувствував тоа на својата кожа, дека едноставно, важен е секој посед. Битно е да си подготвен. Да работиш исправно во текот на сезоната, и сето тоа ќе дојде за наплата. Затоа верувам, верувам во работата која не донесе до завршниот турнир"- вели италијанскиот репрезентативец во редовите на бранителот на трофејот од ланскиот завршен турнир во Истанбул, Фенербахче.

Крилото на „канаринците" од Истанбул памети како „помина лани" после големото финале.
Токму нашиот суперстар Перо Антиќ му го отсече „репчето" на косата. Па новинарите го запрашаа Датоме дали сега е на ред брадата, која е исто така негов „заштитен знак" со години наназад.

"Не знам зошто сите мразат брада"- се насмеа Италијанецот. "Тоа беше класично обложување со Перо како пријател, но сега не ја „пипкаме" брадата" .

Натпреварот Фенербахче-Жалгирис е на програмата во петок навечер од 18. часот.

Најново во Кошарка