ГЕРМАНСКИОТ ТИМ ГИ ОТКРИ СЛАБОСТИТЕ НА Ц. ЗВЕЗДА

ТРИНКИЕРИ ЗНАЕ: Среќа наша е што не играше Антиќ

„Ја искористивме таа предност"- вели Италијанецот на клупата на Бамберг.

објавено: 3 ноември 2017 - 09:49

Екипата на Бросе Баскет успеа во обидот да ја освои белградската Арена, односно да излезе како победник во евролигашкиот дуел со Црвена Звезда.

Но како што вели нивниот предводник од клупата Андреа Тринкиери, тоа во голема мерка зависело и од неиграњето на Перо Антиќ.

„Многу тежок меч. Никогаш не е лесно да се дојде во Белград и да ја играш својата игра. Пред десет дена им реков на играчите дека мора да се мачат, да се борат за секоја топка.
Звезда и ние сме во еден ист момент. Имавме многу среќа што не играше Антиќ. Затоа што тој е искусен играч кој знае да се постави во блокот и уште многу други работи. Ја искористивме таа предност"- потврди Италијанецот по победата од (75:69)

 

Најново во Кошарка