КАРПОШ СОКОЛИ ГИ ДОБИ ПРОТИВНИЦИТЕ ВО ФИБА-ЕВРОПА КУПОТ

УНГАРИЈА КАКО ДА ИМ Е ВЕТЕНА: „Соколите" ќе се поздрават со Кендрик Пери

Солнок, Нижни Новгород и Фалко вулкано Сомбатељи се трите екипи со кои ќе се сретне Карпош соколи во групната фаза од ФИБА Европа купот.

објавено: 12 октомври 2017 - 17:30

Унгарските тимови завчера обезбедија пласман во групната фаза, откако ги совладаа своите противници. Солнок го елиминираше шведски Содертаље, додека Фалко вулкано беше поуспешен од Балкан.

„Соколите" испаднаа во првата рунда од квалификациите за ЛШ и така се преселија во ФИБА-купот.

Во првото коло, на 18 октомври, Карпош соколи гостува во Солнок и ќе игра против екипата за која настапува Кендрик Пери, одличниот американски бек кој во минатата сезона беше еден од најдобрите поединци во неговите редови.
Потоа, на 25 октомври, во „Борис Трајковски" ќе гостува Нижни Новгород. На 1 ноември следува второто гостување во Унгарија, овој пат во Сомбатељи. На 8 ноември, во Скопје доаѓаат Солнок и Пери, најдалечното патување е на 15 ноември, во Нижни Новгород.
Групната фаза завршува на 6 декември, кога тимот од Карпош ќе го пречека Фалко вулкано.
Согласно со системот за натпреварување, откако ќе се одиграат шесте кола во оваа групна фаза, најдобрите две екипи од секоја група одат понатаму во разигрувањето за титулата.

Најново во Кошарка