ПО ПРВИТЕ МЕЧЕВИ ОД 2. КОЛО ОД ЕЛИМИНАЦИИТЕ ВО ЕВРОПА КУПОТ

Унгарија се поблиска за „соколите": Кендрик Пери ќе се врати во Скопје?

Екипите на Солнок и на Фалко остварија предност во првите натпреварти против Содертаље и Балкан, и се поблиску до групата „Х" во која чекаат Карпош Соколи и Нижњи Новгород...

објавено: 5 октомври 2017 - 16:00

Екипите на Солнок и на Фалко Вулкано, двете од Унгарија, се многу блиску да „влезат" во друштво на Карпош Соколи и на Нижњи Новгород, кое ќе ја сочинува груата „Х" од групната фаза на ФИБА Еврокупот.

Унгарските претставници имаа успешен настап во првите мечеви од второто коло од елиминациите во ова натпреварување.
Особено тоа се однесува за Солнок, кој убедливо со (86:63), беше подобар од шведскиот Содертаље, па реваншот го очекуваат скоро како сигурни учесници во групната фаза. Па се поизвесно е дека следува и враќање на Кендрик Пери во нашиот главен град.

Довчерашниот играч на тимот од Карпош е еден од носителите на играта на овој унгарски клуб, па ќе биде интересно да се види како Американецот ќе се снајде против своите доскорешни соиграчи (или дел до нив, со оглед на промените во тимот).
Победа, иако минимална, на гостувањето во Ботевград, против Балкан, остварија и кошаркарите на Фалко Вулкано (96:95), па така се во голема предност пред реваншот за седум дена на свој терен.
Како и да е, на 11 октомври, по одигрувањето на реванш средбите, ќе стане јасно дали и дефинитивно оваа група „Х' од ФИБА Европа купот ќе ја сочинуваат Карпош Соколи, Нижњи Новгород, Солнок и Фалко.
Една недела подоцна, на 18 . сптември, ќе се игра првото коло од групната фаза во кое македонскиот претставник треба да гостува на подобриот од двомечот Солнок-Содертаље.

 

 

Најново во Кошарка