ГО ЗНАЕ ТЕРЕНОТ, ТОА МУ БЕШЕ ПРЕДНОСТ

ВЕЌЕ НЕ Е САМО ИЛИЕВСКИ: И Вестерман ја „смири" Арената во Каунас (ВИДЕО)

Во последните моменти од првото полувреме на мечот Жалгирис-ЦСКА одигран во Каунас, бекот на „црвеноармејците" погоди од половина од теренот, со звукот на сирената.

објавено: 31 март 2018 - 16:20

На крајот, тој неверојатен погодок на францускиот репрезентативец не беше доволен за лидерот на Евролигата го преживее ова гостување во главниот град на Литванија. Жалгирис победи со (85:73).

Некогаш, пред шест години и неколку месеци Владо Илиевски ја замолкна „Кауно" Арената. Онаа каде своите мечеви ги игра најславниот клуб во Литванија – Жалгирис.
Легендарнито Македонец ја даде тројката за победа на напата селекција против онаа на домаќинот.
А сега, Лео Вестерман, како играч на ЦСКА, макар и за момент, исто така ја замолкна бучната публика во овој прекрасен спортски објект во Каунас.
Во последните моменти од првото полувреме на мечот Жалгирис-ЦСКА, одигран во Каунас, бекот на „црвеноармејците" погоди од половина од теренот, со звукот на сирената.

Вестерман добро го познава овој терен, затоа што до пред некое време ги бранеше боите токму на клубот од „зелената шума“...

 

Најново во Кошарка