ОПРАВДАНИЕ ИЛИ КОНСТАТАЦИЈА НА СРБИНОТ

ВЛАДЕ ДИВАЦ ВЕЛИ: За нас, Бегли е подобар играч од Дончиќ!?

Генералниот менаџер на Сакраменто Кингс објасни зошто неговиот клуб не го избрал Словенецот Лука Дончиќ на неодамна одржаниот драфт...

објавено: 25 јуни 2018 - 08:00

Генералниот менаџер на Сакраменто Кингс објасни зошто неговиот клуб не го избрал Словенецот Лука Дончиќ на неодамна одржаниот драфт.

„Марвин Бегли е подобар за нашата екипа од Лука Дончиќ. Тој е подобар играч, сјаен талент. Ова беше лесен избор за нас"- даде доста контроверзен коментар одговорниот за трансфери во тимот од Калифорнија.

На неодамна одржаниот драфт-избор во Бруклин, Сакраменто бираше од втората позиција од која го одбра крилниот центар на Дјук.
На крајот од вечерта, Лука Дончиќ заврши една позиција подолу, од третата го одбра Атланта Хоукс. Но веднаш потоа го трејдуваа во Далас во замена за Тре Јанг и заштитениот прв пик од наредниот избор на драфтот во 2019 година

 

Најново во Кошарка