„СОКОЛИТЕ" ВО ОБИД ДА АНУЛИРААТ МИНУС 8

„Возможна мисија" во Талин?

Дали Карпош Соколи има сили да дојде до првата европска победа од своето постоење. Не успеаја во првиот обид момците на Борче Даскаловски, вечерва (18.часот) имаат нова шанса, да бида подобри од Калев крамо, екипата која ги „доби" во Скопје со сосема солидни (87:79).

објавено: 21 септември 2017 - 16:00

Дали Карпош Соколи има сили да дојде до првата европска победа од своето постоење. Не успеаја во првиот обид момците на Борче Даскаловски, вечерва (18.часот) имаат нова шанса, да бида подобри од Калев крамо, екипата која ги „доби" во Скопје со сосема солидни (87:79).

Разлика од осум поени која им гарантира помирен реваш на Естонците.
Факт е дека „соколите" не беа толку убедливо надиграни од противникот, туку неискуството придонесе да грешат во клучните моменти, а Естонците знаеја да го казнат тоа.
Даскаловски имаше сериозни замерки за некои од клучните играчи во тимот. Пре довој реванш младиот тренер бара да се смени односот.

„Можеме да играме со Калев и иако сме со негатива од 8 поени, ништо не е загубено, во Талин ќе го дадеме максимумот. Потребно е само да се промени односот на поединци.
Кога ќе утнеш 7-8 зицери од под кош, и пионери и кадети не можеш да победиш, камоли во квалификации за ЛШ. Разочаран сум од односот на некои играчи, но тоа е наша интерна работа.
Мислам дека играта што беше поставена, се реализираше. Едно е кога противникот ќе ве изненади со некоја тактичка замисла, друго е кога вие правите сè, освен наједноставната работа, а тоа е да дадете кош од зицер или да погодите отворен шут. Тие работи јас не можам да ги поправам. Тоа е работа на играчите"- смета Даскаловски пред вечерашниот реванш дуел во Талин закажан за 18. часот.

Најново во Кошарка