ШАНСА ЗА ДРУГИТЕ

ВТБ ГО ВРАЌА СТАРИОТ ФОРМАТ: „Фајнал-фор", ама во ледена атмосфера (ФОТО)

Четирите екипи кои ќе го поминат четвртфиналето од ова квалитетно натпреварување ќе се сретнат на завршниот турнир во Москва, а не како што беше досегашна пракса, да играат полуфинални и финални сериии од плеј-офот...

објавено: 14 април 2018 - 08:30

ВТБ лигата уште еднаш потврди дека завршницата на оваа сезона ќе биде по еден малку изменет, односно стар начин на функционирање. Со организација на завршен турнир на кој ќе се најдат четирите најдобри екипи од ова силно натпреварување.

Од 2013 година, пет сезони по ред шампионот беше добиван по серија во финалето (до три победи), а тука неприкосновен беше составот на ЦСКА кои загубија само два меча во тие серии (од Локомотив во 2013) и од Уникс (во 2016 година).
Можно е ривалите на „црвената армија" да немаат мотив, и дека со самиот пласман во финалето ја обезбедуваат главната награда, место во Евролигата но сега се би можело да биде малку поинаку.

Кој и да игра во полуфиналето и финалето, пред себе ќе има само еден меч против топ-фаворитот. А еден таков натпревар лесно може да се реши на „една топка", па на другите екипи ќе им биде доста полесно да дојдат и до титулата во ВТБ лигата.
Се знае и тоа дека оваа сезона ЦСКА и не е непобедлива екипа, досега загубија од Зенит и од Локомотив, а се знае и дека имаат непријатни искуства на финалните турнири, особено во Евролигата.
Овогодишниот „фајнал-фор" ќе се игра во ледената ВТБ арена во Москва, во која приоритетен спорт е хокејот затоа што во тој објект своите мечеви од КХЛ лигата ги играат Спартак и Динамо од Москва.

Најново во Кошарка