МНОГУ РУСКИ МИЛИОНЕРИ

ЗАРАБОТКАТА НА КОШАРКАРИТЕ ВО ЕВРОПА: Швед е без конкуренција!

Реномираниот кошаркарски сајт „Еурохупс" направи рангирање, односно листа од десет играчи со најголеми плати пред претстојната сезона. Убедливо води рускиот „милионер"...

објавено: 7 август 2018 - 08:00

Најдобриот играч на клубот од Подмосковието, Алексеј Швед, има годишни примања од четири милиони долари.

Наредниот на листата, исто така игра во Русија, но во ЦСКА. Станува збор за Французинот Нандо Де Коло, кој за игрите во црвениот дрес добива по 2.78 милиони долари.
На третото место се Ник Калатес (Панатинаикос) и Серхио Родригез (ЦСКА), двајцата инкасираат по 2/55 милиони долари.
Нешто помалку од нив заработува Јан Весели (Фенербахче), 2.43 милиони, додека на шестото место е бекот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ со 2.2 милиони.
Од седмото до десетото место на оваа рејтинг листа на милионери се играчи кои имаат примиња под два милиони долари.

После преминот во Барселона, Крис Синглтон е на 19 милиони, договорот со Армани Милано на Мајк Џејмс му носи сто илјади долари помалку, додека пак по 1.7 милиони долари во наредната сезона ќе добијат новиот играч на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин и новакот на Фенербахче, Жофри Ловерњ.

Најново во Кошарка