ТИМОТ ОД „ЗЕЛЕНАТА ШУМА" ИМА ДВЕ ТОПКИ ЗА ФАЈНАЛ-ФОР

Жалгирис е многу поблиску до Белград

Литванскиот кошаркарски „војсководец" Шарунас Јасикевичиус го води својот Жалгирис на патот кон уште еден голем успех – пласман на завршниот турнир од Евролигата.

објавено: 24 април 2018 - 21:09

Литванскиот кошаркарски „војсководец" Шарунас Јасикевичиус го води својот Жалгирис на патот кон уште еден голем успех – пласман на завршниот турнир од Евролигата.

По триумфот од (80:60) во третиот меч против Олимпијакос, тимот од „зелената шума" сега води со (2-1) во серијата, па со евентуален триумф две вечери подоцна, на истото место, во „Кауно Арената" во Каунас, Жалгирис ќе патува во Белград, на завршниот дел од Евролигата.
Иако дефанзивата им беше во преден план, во домашната екипа поентерски се издвоија четворица кошаркари.
Брендон Дејвис реализираше 18. Јанкунас 13, Пангос 12, а Тупан уште 10. поени.
Освен Василис Спанулис, кој уфрли 14. поени, и Брајан Робертс 11, во Олимпијакос немаше трет „двоцифрен" кошаркар, што доволно говори за играта во нападот на „црвено-белите" на кои по 48 часа одмор, им престои сериозно тешка задаша ако сакаат да се изборат за „мајсторка" во Атина.

 

Најново во Кошарка