АКО МЛАДИОТ СРБИН ЗАИГРА НА ОЛ-СТАРОТ

Жељко „фаќа авион" да го гледа Богдан во ЛА

Најдобриот европски тренер Жељко Обрадовиќ би можел за момент да ги остави клупските обврски и да оди за Лос Анџелес, да си го „наплати" ветувањето кон довчерашниот ученик во Фенербахче.

објавено: 12 октомври 2017 - 19:00

Обложување си е обложување, или долг си е долг...

По тоа некое „правило" ќе се однесува и најдобриот тренер во Европа во изминатите две децении.
Имено, Жељко Обрадовиќ би можел за момент да ги остави клупските обврски и да оди за Лос Анџелес, да си „го плати долгот" спрема довчерашниот ученик во Фенербахче, Богдан Богдановиќ.

Сакаше да игра во НБА и му кажав дека, кога ќе стигне да учествува на 'Мечот на сите звезди' да чува еден билет за својот тренер" - сподели Обрадовиќ за овој интересен момент.

Ова лето, по освојувањето на Евролигата, Обрадовиќ и Богдановиќ се разделија откако младиот бек-шутер одлучи играњето во „Фенер" да го замени со она во Сакраменто Кингс со кого постигна договор вредне 36. милиони долари за тир сезони.
Првата шанса да оди во Америка Обрадовиќ ќе ја има веќе во февруари, следната година, кога е закажан Ол-стар викендот во ЛА, на кој реално е да се очекува дека Богдановиќ ќе „фати" некое место.
Макар и во селекцијата на дебитанти во најсилната лига на светот која вообичаено игра против онаа која е составена со играчи кои ја туркаат својата втора сезона во НБА.

Најново во Кошарка