НИКОЈ КАКО НЕГО ВО ЕВРОПА

Жељко Обрадовиќ до хет-трик наградата „Гомељски"

По трет пат во својата богата кариера, Србинот го добива најголемото тренерско признание во Европа.

објавено: 10 јули 2017 - 16:52

Факти кои во своја формална или неформална форма, но и разговори траат повеќе од една деценија, сега добија и официјална потврда.

Жељко Обрадовиќ е најдобриот кошаркарски тренер во Европа.
Оваа вест на својот официјален сајт ја стави Евролигата со дополнување дека популарниот српски тренер го одбрале неговите колеги, тренерите кои имаа активно учество во ланското издание на Евролигата.
На овој начин, првиот тренер на турскиот Фенербахче стана еден од уникатните.


Имено тој е првиот кошаркарски стручњак кој трипати ја добил наградата „Александар Гомељски", затоа што претходно истата награда ја доби во 2007 и во 2011 година, кога беше предводник на Панатинаикос.
Не е ништо спорно во овој избор ако се земе в предвид дека Обрадовиќ го донесе „Фенер" до првата и историска титула во Евролигата, откако во финалето во Истанбул, беа подобри од грчкиот Олимпијакос.
Прва за турскиот гигант, а дури деветта вкупно во кариерата на тренерот роден во Чачак, зад кого во гласањето заостанаа Јанис Сферопулос (Олимпијакос), како и Сито Алонсо (Валенсија), односно Шарунас Јасикевичиус (Жалгирис) кои го поделија третото место.

Најново во Кошарка