ПРОБЛЕМ - АКО ПЕРО АНТИЌ ОСТАНЕ ИГРАЧ НА ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН

ЖЕЉКО ОБРАДОВИЌ: Фенербахче нема да ги пушти репрезентативците!

Најтрофејниот европски тренер не е расположен играчите кои ги тренира да бидат дополнително ангажирани на средина од сезоната... Тоа носи потенцијален проблем за евентуалниот „камбек" на нашиот најдобар играч во националниот тим доколку ги поминеме претквалификациите за СК 2019

објавено: 9 јули 2017 - 11:18

Жељко Обрадовиќ, најтрофејниот, најуспешниот тренер во историјата на европската клупска кошарка, би се рекло и помалку очекувано, не е задоволен со идејата на ФИБА да отвори „прозори" сред сезона.

„Во штотуку завршената сезона одигравме дури 76. натпревари во регуларниот дел и уште 12. подготвителни. Да не заборавам дека тука се и кошаркарите кои имаа обврски спрема своите репрезентации. Во наредната сезона со новиот календар и со тие ФИБА 'прозори", тие мислат да престанат со сите обврски во клубовите. Мислам дека тоа не е добро, за никого. Тоа е одлука која мора да се донесе во консултација со играчите "- смета Обрадовиќ.

Во своето интервју за каталонските медиуми, српскиот стручњак го изнесе и ставот на Фенербахче за пуштањето на играчите да се појават на натпреварите на националните тимови за време на тие „прозори".

„Евролигата не планира да прави пауза во натпреварувањето. Ние мораме да го следиме нејзиниот ритам, и да играме како што игравме и досега. Зошто НБА играчите немаат обврска да играат за своите репрезентации, а игрчите кои играат во Евролигата, мораат? Тоа е одлука на играчите кои ги плаќаат нивните клубови.
На пример, што се случува кога играчот отиде на десет дена и се повреди? Што тогаш? Секако, никој не сака да се случи тоа, меѓутоа, кој ќе ги плати тие пари? Тоа е многу важно прашање. Луѓето кои ја водат Евролигата би требало да разговааат за ова прашање, А и играчите би требало да сфатат дека за нив би било добро да формираат Синдикат, или Унија, и тие да бидат носителите на одлуките кои се однесуваат на нив.
Јас секогаш ќе ги бранам моите играчи. И ние во Фенербахче знаеме што правиме во врска со онаа новонастана итуација. Нема да ги пуштиме играчите да играат за репрезентација“.

На крајот во „приказната" Обрадовиќ ги вклучи и НБА играчите...

„Луѓето ќе говорат дека тие се предавници, но... Како тоа НБА играчите не се, а евролигашките се? Никој не мисли на играчите, на нивното здравје, и што е најдобро а кошарката. Секој сака да ја искористи ситуацијата, а играчите мораат да бидат над сето тоа".

Ова индиректно значи дека доколку се остане „статус-кво", односно оваа „забрана" стапи на сила, тогаш Перо Антиќ, многу извесно, нема да биде достапен за настап во оној прв квалификациски дел за СК 2019 во Кина.
Ова ќе важи само под услов претходно да ја „поминеме" претквалификациската група (со Естонија и Косово).
И покрај ветувањето кое го даде пред македонските медиуми, извесно е дека, доколу остане играч на Фенербахче (сеуште нема дефинитивна потврда), тогаш Антиќ ќе мора да му даде на Обрадовиќ дополнителни „аргументи" да биде ослободен за тој ноемвриски, а пото и и февруарски циклус од квалификациите.
Секако, оваа ситуација може да се смени доколку на пример, во меѓувреме, Антиќ го замени играњето во „Фенер" за некој друг клуб, а кој не е евролигашки, и нема рестриктивни мерки како овие на Обрадовиќ и на евролигашкиот шампион, кои само ја потврдуваат „војната" која одамна трае на релација ФИБА-Евролига, и од која излегува дека Македонија може да има голем „зијан".

Најново во Кошарка