СЛОВЕНИЈА НЕ Е ФРАНЦИЈА

„Змаевите" го замолкнаа Хелсинки

Ентони Рејндолф беше словенечкиот јунак во дуелот со Финска. Американецот со словенечки пасош, утна две слoбодни фрлања, но за 14 секунди стигна да му ја земе топката на Марканен и да погоди за триумф од 81:78.

објавено: 2 септември 2017 - 22:10

Словенија не е Франција, секако дека не е. Но во овој случај словенечката селекција не ја направи грешката на „галските петли" во дуелот со Финска.

Иако водеа во најголем дел од мечот во Хелсински, „змаевите" на Игор Кокошов си дозволија таков луксуз да влезат во неизвесна завршница .
При резултат (79:78) за Словенија, натурализираниот Словенец со американско потекло Ентони Рејндолф застана на линијата за слободни фрлања. На големо изненадување ги утна двете, и им отвори шанса на Финците да победат.


Но во клучните моменти и тој последен фински напад, Рејндолф му ја украде топката на младиот Лаури Марканен, истрча контра и поентираше за победа, која дефинитивно ја носи Словенија блиску до билет за Истанбул.
Имаа Словенците максимални (52:40) на полувремето, но таа предност се стопи уште по неколку минути играње од третиот период. Тргна „финска потера" по Словенците, која траеше се до таа последна, и решавачка четвртина.
Одново Горан Драгич беше лидер на Словенија со 29 реализации (5. асистенции и 4. скока), Рејндолф додјде до 10 поени, 6.скока и 2 блоакди, додека пак Марканeн беше стрелец на 24. поени (плус 7. скока), а Салин уште 11. за поразената екипа.

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Полска – Исланд 91:61
Летонија – Белгија 92:64
Црна Гора – Унгарија 72:48
Грузија – Германија 57:67
Грција – Франција 87:95
Русија – Србија 75:72
Чешка – Шпанија 56:93
Украина – Италија 66:78
Финска – Словенија 78:81
Хрватска – Романија 74:58
В. Британија – Турција 70:84
Израел – Литванија 73:88

Најново во Кошарка