ПАБЛО ЛАСО ЗА НБА ЖЕЛБАТА КАЈ МЛАДИОТ СЛОВЕНЕЦ

ЗОШТО ДА НЕ, Дончиќ порасна, и како играч и како човек

Тренерот на Реал ја прокоментира одлуката на Лука Дончиќ да се појави на НБА драфтот уште во текот на ова лето, како и придонесот кој го даде за мадридскиот клуб.

објавено: 24 април 2018 - 22:00

Според зборовите на Пабло Ласо, досега, ниту еден играч со 18 години, не успеал да реализира толку работи за така кратко време во карерата, како што е случајот со Лука Дончиќ.

„Секогаш инсистирам на тоа дека моите играчи мораат да работат и да напредуваат, како би биле што е можно подобри. И понатаму мислам дека Лука може многу повеќе. Да не верувам во тоа, би го доживеал истото како личен неуспех. Секогаш се надевам дека Лука може уште подобро, и барам од него на теренот секогаш да работи повеќе. Никогаш не сум видел еден 18. годишник успева да го одработи сето тоа на теренот како што го прави тој. Мојата работа е да го натерам да игра се подобро и подобро. Но тој со 18 години веќе покажа многу од тоа"- вели Ласо.

Дончиќ е во Мадрид веќе шеста година, и важи за еден од најталентираните млади играчи во Европа.
Оваа сезона во просек реализира по 14.9 поени, 4.7 скока и 4.4 асистенции.

„Од првиот ден во Реал почна да го дава својот придонес. Пред три сезони дебитираше за првиот тим. Одлична работа со него одработија луѓето во младите категории кога имаше само 13. години, и тоа го направи можеби и најдобар играч во Европа. Мислма дека во Реал порасна и како играч и како личност. Беше круцијален во сите успеси на Реал"- објасни тренерот на „кралскиот тим".

На патот до „Фајнал-фор" турнирот во Белград, Реал Мадрид мора да го „помине" Панатинаикос во четвртфиналето од плеј-офот. Моменталниот резултат е нерешен (1:1), а третиот меч од серијата, прв од двата во Мадрид, се игра во среда навечер од 18.45 часот.

 

Најново во Кошарка