НАМЕСТО ПРАЗНИК – НОВ ЦРН МОМЕНТ ВО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА

„Фемили" не сакаше да си оди, организаторот не ги истера од „Градски Парк", продолжението утре!?

Каде оди македонската клупска кошарка?

објавено: 17 март 2018 - 19:59

Големото дерби кое не се закануваше да премине во катастрофа, сепак е прекинато. Работнички беше подобар од МЗТ Скопје скоро во три четвртини од играта.

Но на 3:18 минути пред крајот на третата четвртина, официјалните лица проценија дека вечното дерби треба да биде прекинато.

Во предвидениот временски рок, не се создадоа услови, односно организаторот не обезбеди гаранции дека ќе биде испразнет делот од трибината на која беа сместени околу 200 гледачи симпатизери на МЗТ Скопје, па е одлучено дуелот да „продолќи" во текот на утрешнито ден.
Многу извесно, без присуство на гостинските навивачи кои не сакаа да ја напуштат салата.

Работнички – МЗТ Скопје 62:50 ПРЕКИНАТО

Само две секунди поминаа од дербито, кога истото беше прекинато.
Причината, уфрлените хартиени ленти кои слетаа на игралиштето во „Градски Парк".
За подобар старт на гостинската екипа. МЗТ Скопје поведе со (7:0)...
Многу „постегнато" тргна Работнички во дербито. Едвај го пронаоѓаа патот до противничкиот кош. Се до моментот кога еден од најискусните, Мираковски, погоди тројка за „бело-црвените" се одлепат од бројката на пет дадени поени, за (8:11), минута шеста. Доволно за да го „испровоцира" Џинјард.

Американецот, во свој стил, со пет поени по ред, го сврте резултатот, Работнички поведе со (14:13). Дамјан Стојановски продоли по патото на Соколов, креираше нова предност за МЗТ Скопје, но Џинјард продолѓи да погодува. Даде и уште една тројка (за 12. поени), па гостите од Аеродром инаа само плус од два поени (22:24).
Серијата, онаа на Работнички, (11-0), продолжи и до (30:24) по „цепелинот" на Крстевски (со помош на Мираковски).
Атмоферата во „Градски парк" ги понесе повеќе домашните кошаркари (иако имаше и околу 200 навивачи за гостинските), кои изградија предност и од осум поени (41:33), во која со 11. поени „се вклучи" бугарскиот репрезентативец Чавдар Костов.


Кај МЗТ, освен Стојановски и Лалиќ, немаше играч кој може да донесе „промена", ниту во играта, уште помалку во резултатот.
Плус 10 (43:33) со својот 4.поен донесе Чековски (имаше седум скока).
Така беше и на крајот на полувремето (45:35).


Работнички продолжи да притиска и во третата четвртина, во нешто повеќе од три минути, домашниот тим и предност од највисоки 13. поени (55:42), кога стигна вториот прекин на дербито од страна на официјалните лица, поради неспортското навивање на двете навивачки групи.
По оној третиот, на 3:18 пред истекот на периодот, дербито беше прекинато...

 

Најново во Кошарка