КАВАДАРЧАНИ БЕА ПОСМИРЕНИ ВО ЗАВРШНИЦАТА

Фени со серија од 7:0 во последната минута ја победи Блокотехна

Иако резултатот е 75:68, неизвесно беше до самиот финиш на средбата 

објавено: 28 март 2018 - 19:40

Фени Индустри го доби дуелот против Блокотехна, во меч кој беше решен во последната минута. Речиси во текот на целиот меч, ниту еден од екипите не стекна повисока предност, а во последните пет минути се влезе со рамноправни шанси за триумф. 

И во последната минута беше 68:68, кога на 38 секунди до крајот Пајиќ даде тројка. Во следниот напад капитенот на Блокотехна, Главчев промаши удар за три поени, а потоа две слободни фрлања погоди Јане Петровски и стави точка на победата на домаќините. Гостите го промашија и следниот напад, а со нови две слободни фрлања, Фени стави точка за конечни 75:68. 

Пајиќ со 18 и Петровски со 17 поени беа најефикасни кај Фени, додека Главчев и Мијатовиќ дадоа по 16 поени за Блокотехна. Со оваа победа Фени ги задржа шансите за во Топ 6 и влезот во плеј-офот, додека Кожув ќе мора да разигрува во плеј-аутот. 

Најново во Кошарка