ОДБИЕНО БАРАЊЕТО ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА МЕЧЕВИТЕ

ФИБА го „откачи“ Косово

Од Косовската федерација бараа одложување на дуелите со Унгарија и Полска поради смртта на еден и повредите на тројца репрезентативци, но Светската куќа на кошарката го одби барањето

објавено: 26 јуни 2018 - 16:15

Националниот тим на Косово ќе мора да ги игра своите последни два меча од квалификациите за СП 2019 во термините кои претходно беа закажани. Од кошаркарската федерација на нашиот сосед бараа одложување на дуелите со Унгарија на 28 јуни и со Полска на 1 јули, кои треба да се играат во Приштина, но барањето е одбиено од страна на ФИБА. 

После трагедијата во саботата кога во сообраќајка загина Газменд Синани, а Фисник и Гранит Ругова, и Алтин Морина беа повредени, од Косово бараа одложување, а одговорот беше негативен. Од ФИБА напишале дека поради ТВ правата, договорите со спонзорите и другите должности кои ги имаат, не се во можност да ги презакажат мечевите.

 

Најново во Кошарка