КАКО ВО СТАРИТЕ ДОБРИ ВРЕМИЊА

Финале: МЗТ Скопје Аеродром - Работнички

Актуелниот првак со 3:1 во победи ја заврши полуфиналната серија против Блокотехна, откако аеродромци вечерва славеа на гостински терен

објавено: 15 мај 2018 - 20:14

Двата најтрофејни кошаркарски клубови во Македонија, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, ќе играат во финалето на плеј-офот и ќе се борат за нов пехар. Најтрофејниот Работнички прв ја заврши полуфиналната задача против Куманово (3:0 во победи), додека актуелниот бранител на тронот, МЗТ Скопје Аеродром вечерва го завери местото во финалето.

Аеродромци го визираа местото во финалето, откако на гостински терен славеа против Блокотехна со 72:74 и на тој начин стигнаа до 3:1 во победи против гевгеличани. Денешниот дуел беше најнеизвесен во полуфиналната серија меѓу МЗТ Скопје и Блокотехна. 

Ниту еден од двете екипи немаше посериозна предност и беше јасно дека победникот ќе се решава во финишот. Во послдните 100 секунди, МЗТ влезе со предност од 72:67 и то резултат остана до 30 секунди до крајот. Сепак Блокотехна не се предаде, стигна до 72:74 и имаше шут за победа, но Мијатовиќ промаши за тројка и гостите се радуваа на триумфот.

Кај МЗТ Скопје најефикасен беше центарот Бојиќ со 22 поени и 11 скока, а МЗТ се радуваше на 13 финале во кошаркарското првенство, а ќе се борат за седмата титула во низа. 

Најново во Кошарка