СРПСКИОТ СЕЛЕКТОР ГО КАЖА СВОЕТО МИСЛЕЊЕ

Ѓорѓевиќ: Дончиќ е чудо, но Дражен е еден и единствен

Предводникот на Србија, Александар Сале Ѓорѓевиќ во интервју за „Индекс.хр" потенцира дека Дражен Петровиќ не смее да се споредува со никого, Лука Дончиќ е ѕвезда, но тој е поинаков кошаркар.

објавено: 23 септември 2017 - 12:00

Импресиите по завршеното Европско првенство никако не стивнуваат. Србија и Словенија дефинитивно се неисцрпна тема за разговор. Во изминатите денови секојдневно бевме сведоци на различни изјави и настани. Предводникот на Србија, Александар Сале Ѓорѓевиќ во интервју за „Индекс.хр“ потенцира дека Дражен Петровиќ не смее да се споредува со никого, Лука Дончиќ е ѕвезда, но тој е поинаков кошаркар.

„Никој не може да биде споредуван за Дражен. Дончиќ е свој играч и нека продолжи така, тој созрева со брзина на светлината. Во тоа му помога Реал и сигурен сум дека еден ден ќе биде меѓу најдобрите. Дражен беше најдобар во своето време“, изјави Ѓорѓевиќ.

Селекторот на српската репрезентација уште еднаш им го честиташе златниот медал на Словенците.

„Заслужено, Слвенија има еден Американец. Сите честитки до Игор Кокошков, тој е најзаслужен за златниот медал. Ми пречи кога ќе кажат дека Словенија приреди изненадување. Не е изненадување, ниту од близу, ниту пак најголем шок на еден Евробаскет. Тие што добро ја познаваат кошарката, знаат дека Слвенците имаат добри резултати зад себе“, рече легендата.

 

Најново во Кошарка