ПОСТАВИ РЕКОРД КОЈ ТЕШКО МОЖЕ ДА БИДЕ „ЗАГРОЗЕН“

Ѓорѓевиќ - еден и единствен во историјата

Саша Ѓорѓевиќ, легендата на европската и светската кошарка, со пласманот во финалето на Европското првенство, постави рекорд, кој многу тешко би можел да биде урнат. 

објавено: 16 септември 2017 - 11:00

Александар Саша Ѓорѓевиќ, легендата на европската и светската кошарка, со пласманот во финалето на Европското првенство, постави рекорд, кој многу тешко би можел да биде урнат.

Селекторот на српската репрезентација е единствената личност која успеала како играч и како тренер да биде дел од финалињата на Европските првенства, Светските првенства и Олимписките игри. Легендарниот кошаркар, на „кормилото“ на националниот тим на нашиот северен сосед во текот сите четири години нема испаднато пред полуфиналните натпревари.

Пред финалната битка на ЕП закажана за утре со почеток во 20:30 часот, „Сале национале“ фаворитската улога им ја додели на Словенците.

„Словенците се апсолутни фаворити. Физички се најподготвената екипа на првенството, имаат одлични кошаркари на надворешните позиции. Веќе зборувавме за нив во соблекувалната, а фактот што ќе имаат ден повеќе за одмор може да биде клучот во финалниот натпревар", изјави Ѓорѓевиќ.

 

 

Најново во Кошарка