ништо ново во најсилната лига во светот

Голден Стејт ги приземји „ракетите“ за ново финале во НБА (Видео)

Со пресврт во второто полувреме, „воините“ победија на гости кај Хјустон во решавачкиот меч

објавено: 29 мај 2018 - 08:04

Во НБА лигата нема ништо ново. Четврта сезона по ред во битка за титулата во најсилната кошаркарска лига во светот ќе играат Голден Стејт и Кливленд кавелирс. Тоа стана јасно, откако утрово Голден Стејт успеа на гостински терен во Хјустон да слави со 101:92, во решавачкиот седми меч од финалето на Западната конференција. Со овој триумф, Голден Стејт стигна до 4:3 во победи и актуелниот првак си обезбеди ново финале. 

Хјустон одлично започна и бодрени од домашните навивачи имаше предност од 11 поени на полувремето (54:43). Иако беа без Крис Пол, делуваше дека „ракетите“ се подготвени за првото НБА финале по пауза од 1995 година, кога беа шампиони со легендарната генерација предводена од Хаким Олајџувон. 

Сепак, така не мислеа играчите на Голден Стејт. Предвдени од Кевин Дурант кој беше прв стрелец со 34 поени и ол-стар мечот на Стеф Кари кој имаше 27 поени, 10 асистенции и 9 скокови, „воините“ успеаа да направат пресврт. Третата четвртина гостите ја добија со убедливи 33:15 и резултатот го свртеа во своја корист. Хјустон немаше сили во решавачките 12 минути да го победи актуелниот првак, па повторно ќе гледаме финале Голден Стејт - Кливленд. 

 

Најново во Кошарка