да се знае кој е шампион

Голден Стејт веднаш направи „брејк“ против Хјустон

Актуелниот првак славеше со 119:106 на гостувањето, во првиот меч од финалето на западната конференција

објавено: 15 мај 2018 - 08:01

Кевин Дурант постигна 37 поени, а Клеј Томпсон додаде 28, за триумф на Голден Стејт од 119:106, на гостувањето кај Хјустон, во првиот меч од финалето на западната конференција во НБА лигата. За „воините“ ова беше прв пат по 2014 година, една плеј-оф серија да ја започнат на гостински терен, но покажаа дека знаат одлично да се снајдат.

Хјустон добро започна и во првото полувреме имаше и водство од 9 разлика, но тоа не ги збуни гостите. Голден Стејт најпрво успеа до полувремето да израмни, а во вториот дел едноставно да покаже зошто е шампион.

Во решавачката последна четвртина гостите отворија со серија од 13:4 и поведоа со 100:87, а Хјустон до крајот не успеа да се врати во игра, па Голден Стејт направи „брејк“ уште на стартот од серијата. Џејмс Харден даде 41 поени за домашниот тим, но тоа не беше доволно да се сопрат расположените гостински играчи. 

Најново во Кошарка