ЦЕЛТА Е ДА СЕ ДОНЕСАТ НАСМЕВКИ И РАДОСТИ НА СПОРТСКИ ПЛАН

Голубовиќ од Пелистер двапати неделно тренира деца со посебни потреби

Во салата на ОУ „Ѓорѓи Сугарев" во Битола вкупно 10 деца со посебни потреби од градот заедно со нивните родители тренираат со кошаркарот на Пелистер, Мико Голубовиќ (36) и со негова помош доаѓаат за прв пат во контакт со топката.

објавено: 22 октомври 2018 - 18:30

Пред три години еден родител дојде до идеја и веднаш со задоволство било прифатено да се направи време и простор за овие деца со цел да биде среќни, здрави и преку рекреација физички активни.

Со цел да не бидат постојано дома или низ улиците, вака преку организирани рекреативни дружења, а како што и самиот Голубовиќ истакнува се надева дека сето тоа ќе биде збогатено и со спонзори кои ќе обезбедат опрема, патики, тренерки, новогодишни подароци.

Тој бил прашан и веднаш со задоволство прифатил да помогне, волонтерски без примиња се обидува да го поттикне спортскиот дух кај децата кај кои секако ќе влијае многу позитивно, и секако во успех на нивниот психофизички развој и самата социјализација.

Најново во Кошарка