две различни лица кога играат дома и на гости

Гостивар го изненади МЗТ, но доживеа дебакл од Работнички (Фото)

Најтрофејниот македонски клуб ја продолжи перфектната серија во домашното првенство и стигна до 18 победа во исто толку мечеви

објавено: 10 март 2018 - 19:29

Екипата на Работнички ја продолжи перфектната низа и сега има 18 победи во 18 меча, откако вечерва во „Градски Парк“ убедливо го совлада тимот на Гостивар со 74:49. Гостите на овој меч дојдоа охрабрени, откако во претходното коло славеше на свој терен против шампионот МЗТ Скопје Аеродром. 

Сепак, овојпат гостиварци, на гостински терен, одиграа многу послабо, па Работнички без проблем славеше убедливо. Уште од самиот почеток на средбата тимот од „Градски парк“ покажа дека нема да има никакво изненадување, па по првите 10 минути, резултатот беше 20:7 за домаќините. 

Во продолжение на средбата, Работнички не само што го контролираше резултатот, туку и ја зголемуваше предноста, па на крајот стигна до убедлив триумф. Димче Тасовски со 17 поени беше најефикасен за Гостивар, кој го претрпе седмиот пораз сезонава.

Костов со 20 поени беше најефикасен кај Работнички каде со двоцифрен број на поени беа и Крстевски со 15, Николовски со 12 и Чековски со 11 поени. 

 

Најново во Кошарка