КОШАРКАРСКА ПРВА ЛИГА, 21. КОЛО

Гостивар ја победи Струмица и го прати МЗТ дури на 5 место на табелата

Победникот на овој меч беше познат уште пред да започне средбата

објавено: 24 март 2018 - 19:36

Никакви дулеми немаше околу победникот на дуелот меѓу Гостивар и Струмица, во рамките од 21. кошаркарско коло. На крајот, Гостивар победи со убедливи, 94:49. Уште по првите 10 минути, домаќините стигнаа до двоцифрена предност (30:18), а во продолжение на мечот, разликата постојано се зголемуваше. 

Робев со 17 поени беше најефикасен кај Гостивар, додека Димитриевски даде 16, Никс 15 и Тасовски со 13 поени. Кај Струмица единствено како да играше Кевин, кој даде дури 31 поени. 

На крајот Гостивар стигна до 14 победа и сега има 35 бодови, колку што има и Куманово. Интересно е што по денешните победи на Куманово и Гостивар, шампионот МЗТ Скопје Аеродром падна дури на петото место на табелата, но факт е дека „штрковите“ имаат меч помалку. Тие утре гостуваат на Охрид, каде со евентуален пораз, ќе го загрозат местото дури и во топ 4 на табелата. 

Останати резултати од 21. коло: Блокотехна - Куманово 77:83, Шкупи - Фени И. 99:98, Работнички - Карпош Соколи 96:59. Утре играат: Охрид - МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер - Кожув.

Табела: Работнички 42 бода, Блокотехна 38, Куманово 35, Гостивар 35, МЗТ Скопје Аеродром 34 (меч помалку), Фени И. 31,...

Најново во Кошарка