ИЗРАМНУВАЊЕ НА 1:1 ВО СЕРИЈАТА НА ЗАПАДОТ

Хјустон со „ракети“ од далечина го торпедираше Голден Стејт (Видео)

Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната даде 16 тројки и убедливо со 127:105 го победи шампионот

објавено: 17 мај 2018 - 08:00

Хјустон рокетс не дозволи уште еден кикс пред своите гледачи во финалната серија против Голден Стејт. „Ракетите“ беа убедливи и славеа со 127:105 за израмнување на 1:1, во серијата подобар од седум. Речиси во текот на целиот меч домаќините имаа двоцифрена предност, а „воините“ немаа апсолутно шанса да се надеваат на нов брејк.

Рокетс во првото плувреме дадоа дури 10 тројки и тоа беше нивно главно оружје во создавањето на предноста. Во второто полувреме домаќините не му дозволија на противникот да се понадева дека може да се врати во игра и на крајот, Хјустон забележа убедлива победа од 22 поени разлика. 

Џејмс Харден со 27 поени и 10 скока беше најефикасен кај Хјустон, а одлична шутерска вечер имаше и Пи Џеј Такер кој погоди 5 од шест удари за тројка, а на крајот заврши со 88 отсто реализација и постигнати 22 поени. Кај гостите единствен расположен за игра беше Кевин Дурант кој заврши со 38 поени, а потфрлија шутерите Кари и Томпсон кои заедно имаа вкупно 24 поени. 

Третиот меч во серијата се игра во Голден Стејт. 

Најново во Кошарка