НОВА ПОМОШ ДОЈДЕ ОД ХУМАНИТЕ ЛУЃЕ

ХУМАН ГЕСТ БЕЗ ГРАНИЦИ: Перо Антиќ и КК Гостивар ќе ја покријат терапијата на Гешо

„8.000 евра е сумата што ќе ја обезбедат КК Гостивар и претседателот Перо Антиќ. Со овој хуман гест, се надеваме дека ќе му помогнеме на Гешо, да го врати животот што го имаше претходно"- велат од КК Гостивар.

објавено: 12 декември 2017 - 22:12

КК Гостивар и претседателот Перо Антиќ, се приклучуваат кон хуманитарната акција за помош на кошаркарската легенда, Стеван Гешовски Гешо, кој што пред две години доживеа исхемичен мозочен удар.

Тоа го потврдија и со официјално соопштенија до јавноста:

Почитувани,
КК Гостивар и претседателот Перо Антиќ, се приклучуваат кон хуманитарната акција за помош на кошаркарската легенда, Стеван Гешовски Гешо, кој што пред две години доживеа исхемичен мозочен удар.
Како последица на тоа, Гешовски има отежнат говор, парализирана десна страна и болки во екстремитетите, за што најадекватна метода за лекување е терапија со матични клетки во Москва. Лекарите веруваат дека со помош на оваа терапија би ги вратиле моторните функции на екстремитетите, неговиот говор и дека тој би бил ослободен од константните болки.
Терапијата со матични клетки во Москва чини 17.000 евра, до кои што на Гешо му недостасуваат уште 8.000 евра, сума што ќе ја обезбедат КК Гостивар и претседателот Перо Антиќ. Со овој хуман гест, се надеваме дека ќе му помогнеме на Гешо, да го врати животот што го имаше претходно.
Ви благодариме.
Со почит,
КК Гостивар

Најново во Кошарка