ТУРЦИЈА КАКО ДОМАЌИН НЕ ГИ ИСПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА

И ФИБА призна дека имаат голем проблем со Евробаскетот

„Натпреварите се доста интересни, има и изненадувања што е добро за турнирот. Единствено што разочарува е посетеноста", изјави за новинарите, Предраг Богосављев, одговорен за организацијата на мечевите.

објавено: 13 септември 2017 - 14:44

Европското првенство влегува во завршницата, а од ФИБА го потврдија она што веќе неколку денови се коментира и се пишува. Одлуката Истанбул да биде домаќин на најважните натпревари се покажа како погрешна, посетеноста на сите мечеви е разочарувачка.

„Натпреварите се доста интересни, има и изненадувања што е добро за турнирот. Единствено што разочарува е посетеноста", изјави за новинарите, Предраг Богосављев, одговорен за организацијата на мечевите.

Очекувањата биле дека во Турција ќе биде полн погодок...

„Очекувавме дека во Турција ќе биде многу подобро. Хелсинки беше одличен, Романија и Израел беа пристојни, а Турција потфрли. Очекувавме многу повеќе. Не знам што се случи, но во секој случај не е добро кога ваквите натпревари се играат пред празни трибини".

На прашањето дали можеби проблемот е отсуството на некои ѕезведи, Богосављев, изјави дека не верува во тоа бидејќи и во останатите градови проблемот ќе бил ист.

Најново во Кошарка