АКО НЕ ДОЈДЕ ДО ДОГОВОР ФИБА-ЕВРОЛИГА

И МКФ ќе има проблем, пред се со авио-транспортот

Најавата за поместувањето на термините за прет-квалификациите за СК 2019 односно ЕП 2021 година, ја засега и Македонија, бидејќи својот прв меч со Словачка од Б дивизија, „црвено-жолтите“ треба да го играат на 23 ноември...

објавено: 5 октомври 2017 - 18:10

Од Евролигата најавија дека уште во текот на денот, во Барселона, ќе одржат состанок со претставници на сите клубови и ќе дадат одговор дали најновата понуда на ФИБА е прифатлива.

Компромисот што треба да го направат евролигашите е две кола, по едно во ноември и во февруари, да играат во вторник, а не во четврток и петок, како што е вообичаено за нив.

Најавата за поместување на терминот, ја засега и Македонија, бидејќи својот прв меч со Словачка од Б дивизија, треба да го играме на 23 ноември.

Ако се прифати поместувањето, тоа ќе значи меч на 24 ноември, и поинаков план за патување и термини за мини-подготовки.

„До нас нема допис од ФИБА и во моментов немаме потврда дека и ние ќе бидеме соочени со овој проблем во претквалификациите. Ако се случи промената, секако ќе ни создаде проблеми. Не само за гостувањето во Словачка, туку и за натпреварите во Скопје. Веќе ни беа резервирани термини за тренинг и мечеви" - вели за „Македонски спорт“, генералниот секретар на МКФ, Моника Гаврилоска.

Најново во Кошарка