Ќе имаме двајца играчи од различни генерации

Илиевски ќе му биде ментор на Младеновски во Илирија

Владо Илиевски ја прифати понудата од словенечкиот прволигаш Илирија, да има една поинаква улога, да биде ментор на помладите кошаркари меѓу кои е и нашиот репрезентативец Љубомир Младеновски

објавено: 16 август 2017 - 12:30

Владо Илиевски ја прифати понудата од словенечкиот прволигаш Илирија, да има една поинаква улога, да биде ментор на помладите кошаркари меѓу кои е и нашиот репрезентативец Љубомир Младеновски.

Младеновски во наредната сезона ќе игра за Илирија, клуб кој е мошне амбициозен, а сега го ангажираше и нашиот легендарен кошаркар. Илиевски ќе им биде ментор на играчите, а веројатно и ќе игра за Илирија. Tренер на клубот од Љубљана е таткото на кошаркарот Лука Дончиќ.

Владо најави дека се откажува од кошарката по ланската авантура во Работнички, но љубовта кон баскетот е преголема, па ќе има нов, малку поинаков предизвик во Илирија.

Најново во Кошарка