ТИМОТ ОД ОАЕ СЕ СООЧУВА СО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ

Ал Шааб на Давитков се распадна

Екипата на Ал Шааб чиј тренер во изминатите две години беше селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков поради финансиски проблеми најверојатно нема да се натпреварува во најсилното натпреварување во Обединетите Арапски Емирати.

објавено: 25 јуни 2017 - 08:59

Екипата на Ал Шааб чиј тренер во изминатите две години беше селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков поради финансиски проблеми најверојатно нема да се натпреварува во најсилното натпреварување во Обединетите Арапски Емирати.

Во првата сезона како тренер на оваа екипа, Давитков му донесе бронзен медал на Ал Шааб во тамошниот Куп. И покрај тоа што челниците на клубот имаа високи амбиции, сепак поради финансиски причини повеќе нема да се натпреваруваат во тамошната Прва лига.

Давитков тренерската кариера ја почна во Никол Ферт, по што замина во Поло Трејд, Неметали огражден, Балкан стил и Градски парк. Првпат во странство замина во 2008 година во исландски Санјфел, по што следеше преселба во кувајтскиот тим Ал Кадсија со кого освои три шампионски титули, еднаш беше победник во Купот на Кувајт, а еднаш во првенството на тимовите од земјите кои гравитираат околу Персискиот залив. Потоа замина за Дубаи каде што работеше во таборот на Ал Васл, со кој дојде до сребрениот медал на ГЦЦ-првенството на екипи од земји од Персискиот залив. Последните две сезони беше на чело на Ал Шааб.

Во моментов Давитков е селектор на македонската репрезентација која во август ќе игра претквалификации за Светскиот Куп.

 

Најново во Кошарка