Тренерот на Црвена Звезда и во пораз го пофали Перо

Алимпијевиќ: Антиќ, Бјелица, Лазиќ и Рочести се пример како се бранат боите на клубот

Имавме малку расположени кошаркари што знаат како се бранат боите на клубот и кога ќе ве стаса заморот. На Антиќ, Рочести, Лазиќ и Бјелица можам да им дадам кредит за играта и борбеноста против Цедевита, вели тренерот на „црвено-белите“ Душан Алимпијевиќ

објавено: 22 октомври 2017 - 21:35

Имавме малку расположени кошаркари што знаат како се бранат боите на клубот и кога ќе ве стаса заморот. На Антиќ, Рочести, Лазиќ и Бјелица можам да им дадам кредит за играта и борбеноста против Цедевита, вели тренерот на „црвено-белите" Душан Алимпијевиќ.

„Останатите заслужуваат само критика. Ги знам нивните капацитети, но вечерва потфрлија. Покажуваме лоши манири веќе вторпат по евролигашки меч. Кога можат Антиќ и останатите поискусни, ќе можат и помладите“, додаде Алимпијевиќ.

Црвена Звезда го претрпе вториот пораз во АБА лигата во пет кола, а подобри од нив беа кошаркарите на Цедевита со 79:74. Антиќ беше трет стрелец на белграѓани со 11 поени, а имаше и 6 скокови.

Најново во Кошарка