Без него ништо

Антиќ е клучот за Звезда да блеска со полн сјај

Перо Антиќ е клучниот играч за Црвена Звезда да блеска со полн сјај, а нашиот кошаркар е број еден во составот на српскиот првак, според анализите на тамошните медиуми

објавено: 30 декември 2017 - 14:20

Перо Антиќ е клучниот играч за Црвена Звезда да блеска со полн сјај, а нашиот кошаркар е број еден во составот на српскиот првак, според анализите на тамошните медиуми.

„Без него тимот ја загуби цврстината и ритамот, па Црвена Звезда доживеа непријатен пораз од Бамберг. И против Басконија беше слично, а вистински пресврт се случи кога Перо го реши мечот во Мадрид, против Реал Мадрид. На волшебен начин погоди за победа, која му даде крилја на тимот. И на најдобар можен начин му се реваншираше на Фелипе Рејес. Антиќ едноставно кажано е столбот на овој состав, кој остави надеж дека може да стаса до завршницата во Евролигата“, пишуваат новинарите во Србија.

Црвена Звезда има биланс 6-9, но се уште се надева дека ќе стаса до позиции во Топ-8, а потоа и да приреди подвиг со пласман на фајналфор турнирот чиј домаќин е Белград.

Најново во Кошарка