По две години во Истанбул

Антиќ го напушта Фенербахче!?

Перо Антиќ ја игра последната сезона во дресот на турскиот тим. Македонскиот кошаркар се поретко добива шанса, а според познати кошаркарски стручњаци, Фенербахче веќе има најдено замена за него.  

објавено: 20 март 2017 - 09:11

Перо Антиќ ја игра својата последната сезона во дресот на Фенербахче. Македонскиот кошаркар во последно време се помалку добива шанса, предност имаат останатите странски играчи.

Заминувањето на Антиќ од Фенербахче го најави Давид Пик, познат израелски новинар, кој се почесто е во Турција. Тој пред неколку денови на својот „Твитер“ профил најави дека Вил Клајбурн од Дарушафака е во преговори со Фенебахче и тој ќе биде замена токму за единствениот Македонец кој настапувал во НБА-лигата. Она што е помалку чудно што Клајбурн игра на крилната позиција.

Антиќ во Фенербахче дојде во 2015 година, откако претходно две години го носеше дресот на Атланта. Оваа сезона одигра 23 натпревари во Евролигата за кои има просек од 4,7 поени и 2,4 скока.  

Најново во Кошарка