ИАКО НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕ

Антиќ го носи Џордан во Црвена Звезда (ВИДЕО)

Црвена Звезда полека го комплетира тимот за новата сезона. 

објавено: 4 август 2018 - 10:46

Екипата на Црвена Звезда полека го комплетира составот за новата сезона, по шестте нови имиња, во таборот на „црвено-белите“ остана да се реши уште плејмејкерската позиција. Како што пишува „Blicsport“ челниците на клубот се во преговори со натурализираниот Македонец, Џордан Теодор. Врската меѓу Црвена Звезда и некогашниот македонски репрезентативец е Перо Антиќ.

Теодор минатата сезона настапуваше во дресот на Милано, а одека во неговата кариера ги има играно уште за Анталија, Мерсин, Банвит, Франкфурт...

Токму неговите игри во Банвит беа пресудни да добие македонски пасош, на препорака на некогашниот капитен на нашата репрезентација, Перо Антиќ, што пак е малку чудно. Српските медиуми на големо пишуваат дека Антиќ одново е главниот виновник за доаѓањето на Џордан во Белград.

Најново во Кошарка