Црвена Звезда поведе во финалната серија против ФМП, откако синоќа славеше со 84-83. Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ не го дочека крајот на мечот, доби исклучувачка (две технички грешки) поради бурната реакција кон судиите по прекршокот врз центарот на противникот, Мајкл Оџо.
Некогашниот капитен на нашата репрезентација ќе плати 60.000 динари (510 евра) за наредите кон делителите на правдата и 18.000 динари (150 евра) за двете технички грешки.