СРПСКИ „МОЦАРТ“ ТВРДИ ДЕКА МАКЕДОНЕЦОТ СЕ ВРАЌА ВО БЕЛГРАД

Антиќ и Црвена Звезда е договорена работа

Продолжуваат шпекулациите околу можноста за враќање на Перо Антиќ во „црвено-белиот“ дрес. Српски „Моцарт“ пред малку обајви дека македонскиот кошаркар по десет години повторно ќе игра за Црвена Звезда. 

објавено: 11 септември 2017 - 18:34

Продолжуваат шпекулациите околу можноста за враќање на Перо Антиќ во „црвено-белиот" дрес. Српски „Моцарт" пред малку обајви дека македонскиот кошаркар по десет години повторно ќе игра за Црвена Звезда.

„Црвена Звезда најде решение за позицијата крилен-центар. Перо Антиќ се враќа во „црвено-белиот“ дрес“, стои на сајтот на „Моцарт“. 

Според овој медиуми, Антиќ потпишал едногодишен договор и во четврток треба да му се приклучи на српскиот тим.

Некогашниот капитен на македонската репрезентација за Црвена Звезда играше во периодот од 2005 до 2007 година. По две години минати во дресот на Фенербахче со кого ја освои титулата во Евролигата, Антиќ сепак не ја продолжи соработката со турскиот тим и покрај тоа што се појави на подготовките. 

Единствениот Македонец кој настапувал во НБА-лигата во својата богата кариера играше за Атланта, Олимпијакос, Ст. Петерсбург, Лукоил Академик, Локомотив Кубан, АЕК и Работнички. 

 

Најново во Кошарка