Серијата продолжува

Антиќ и Фенербахче без милост

Фенербахче ја забележа шестата победа во низа во домашниот шампионат, откако на гостувањето кај Бујукчекмече славеше со убедливи 80:60. 

објавено: 20 ноември 2016 - 13:38

Екипата на Фенербахче продолжува со добрите партии во домашното турско првенство.Тимот за кого настапува Перо Антиќ на гостувањето кај Бујукчекмече славеше со убедливи 80:60 за шеста победа во низа.

Македонскиот кошаркар во игра мина 26. минута за кои постигна пет поени, два скока и две асистенции. Антиќ погоди една тројка од петте обиди, од поле имаше еден неуспешен шут, додека од линијата за слободни фрлања имаше 2/4.

По 7. коло, Фенербахче привремено е на првото место на табелата со скор од 6 победи и еден пораз. 

 

Најново во Кошарка