МАКЕДОНСКИОТ ТАНДЕМ ВО АКЦИЈА

Антиќ и Илиевски – дел од „кошаркарската симфонија"- простувањето на Бечировиќ и Нахбар...

Спектаклот во Љубљана е на 30. август...

објавено: 14 август 2018 - 10:11

Сани Бечировиќ и Боштјан Нахбар ги обелоденија составите на тимовите и тренерите који ќе водат на нивната заедничка проштална средба.

Мечот кој го носи називот „Кошаркарски симфонија", ќе ги собере на едно место најголемите мајстори на кошаркарската игра со кои играле Нахбар и Бечировиќ во својата богата кариера.
Меѓу нив и две големи кошаркарски имиња од Македонија.


Во составот кој го креираше Сани Бечировиќ се најдоа и нашите поранешни репрезентативци, а еден од нив сеуште активен на терените, Влатко Илиевски и Перо Антиќ. А покрај нив во ова друштво се уште и:
Фрагискос Алвертис, Далибор Багариќ, Марко Белинели, Владимир Боиса, Примож Брезец, Примож Бролих, Луиџи Датоме, Родриго де ла Фуенте, Димитрис Дијамантидис, Јурица Големац, Јасмин Хукиќ, Шарунас Јасикевичиус, Славко Котник, Саша Павловиќ, Мирослав Радуљица и Матјаж Смодиш.
Тренери ќе бидат, Меми Бечировиć, Саша Ѓорѓевиќ, Димитрис Итудис, Тоне Крумп и Жељко Обрадовиќ.

Тимот на Нахбар ќе добива совети од Зоран Мартич, Грегор Нахбар, Алеш Пипан и Змаго Сагадин. А на теренот ќе се појават:
Борис Горенц, Горан Јагодник, Ненад Крстиќ, Јака Лакович, Еразем Лорбек, Марко Милич, Раша Нестеровиќ, Смиљан Павиќ, Урош Слокар, Зоран Планиниќ, Бено и Само Удрих, Никола Вујчиќ и Јижи Велш.
Натпреварот е закажан за 30. август, а ќе биде одигран во љубљанската Арена „Стожице".

Најново во Кошарка