ВО ТУРЦИЈА СЕ ПОДГОТВУВА „СОБИРОТ НА СИТЕ ЗВЕЗДИ“

Антиќ и Николов во конкуренција за Ол-стар

Во тек е гласањето за стартните петорки, а на листата која ја објави турската федерација се и двајцата македонски претставници, плус и „незаобиколниот" охриѓанец, Чеди Осман.

објавено: 28 декември 2016 - 15:25

Перо Антиќ и Кристијан Николов двајцата кошаркари кои во овој момент ја претставуваат нашата кошарка во Турција, се најдоа на листата на играчи кои влегуваат во конкуренција за учество на претстојниот „собир на сите звезди" во турската кошарка предвиден за 15. јануари.

А дефинитивно, публиката во Турција го препознава квалитетот кој го има составот на Фенербахче. Па во овој момент, некаде на истекто на првата фаза од гласањето, постои можност во стартните пет на селекцијата наречена „Азија" да се најдат дури тројца соиграчи на Перо Антиќ, кој во оние седум натпревари кои ги одигра во турскиот шампионат засега е на ефект од 10.1 поени, 6.3 скока и една асистенција.

Очекувано, Кристијан Николов има доста пониски цифри со оглед на малиот број на минути кои ги добива(ше) како играч на Трабзонспор а сега на иа Истанбул ББ.


Инаку, според бројот на гласовите, во топ групата на кандидати, на првото место е играчот на Банвит, Џордан Теодор, кој има 21.848 гласа.
Следува двоецот од „Фенер", Екпе Јудо со 16.645 гласа, па Костас Слукас кој има 15.617. Ако сега заврши гласањето, стартери во „Азија" ќе биде и трет играч на „Фенер", Србинот Богдан Богдановиќ, плус и крилото на Пинар Каршијака, Дехуан Самерс.

Во селекцијата на „Европа", каде има доста помалку гласови, лидер е домашниот миленик, Синан Ѓулер. Играчот на Галатасарај досега собра 14.418 гласа, со кои е пред Американецот од Дарушафака, Вил Клејбурн (13.418), потоа уште еден Македонец со турски пасош Чеди Осман (13.331), францускиот интернационалец од Анадолу Ефес Томас Уертел (12.795), како и Србинот од Бешикташ, Владимир Штимац, кој има 8.568 гласа.


Согласно со тоа, за очекување е дека ако продолжи овој „тренд" во гласањето, Осман, кој во просек реализира по 14.6 поени, 4.8 скока и 1.1асистенции на 10 средби, да биде во почетната постава на „европјаните", што би било уште едно признание плус за младиот охриѓанец.

Најново во Кошарка