„ЦРВЕНО-БЕЛИТЕ“ СО ГОЛЕМА ПОБЕДА НАД ФАВОРИТОТ

Антиќ и Звезда ја „преслушаа“ Барселона

Нашиот центар одигра одлично и даде 10 поени, а имаше и девет скокови

објавено: 20 октомври 2017 - 21:05

Црвена Звезда стигна до првата победа сезонава во кошаркарската Евролига, откако со 90:82 славеше во Белград против Барселона. Српскиот тим водеше речиси во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено се радуваше. 

Македонскиот интернационалец во „црвено-белиот“ дрес, Перо Антиќ одигра одлично. Центарот покажа што значи искуство во вакви натпревари. Со 10 поени и девет скока беше на чекор од дабл-дабл. Перо одигра 18 минути а имаше реализација 2/4 з три поени, 1/2 за за два поени и 2/2 за еден поен. Покрај 2 офанзивни и седум дефанзивни скокови, имаше и една асистенција. 

 

Најново во Кошарка